Ние продолжуваме да ги снабдуваме луѓето кои живеат со дијабетес и други сериозни хронични болести со нашите лекови, да го штитиме здравјето на нашите вработени и да преземаме активности за поддршка на лекарите и медицинските сестри додека работат за да го победат КОВИД-19.

Нови прашања и проблеми ќе произлезат како што ќе се менува пандемијата, па затоа сакаме да ги споделиме со вас најновите информации за снабдувањето со нашите лекови, да понудиме одговори за луѓето што ги користат лековите и како да стапите во контакт со нас.

Во моментов, немаме проблеми со снабдувањето. Добро сме подготвени за вакви ситуации и имаме политика за складирање што обезбедува долгорочна испорака.

Ова е важно бидејќи се произведуваме лекови од животно значење, од кои секојдневно зависат пациентите низ целиот свет.

Свесни сме дека здравствените власти и аптеките прават сè за да обезбедат достапност на лековите од животно значење за време на КОВИД-19 и можеме да ве увериме дека сегашните залихи се на нормално ниво. Како што продолжуваме да ја следиме ситуацијата, така ќе ги споделуваме со вас најновите информации.

Ако вие или некој што го познавате, живеете со дијабетес, дебелина или друга сериозна хронична болест, нема сомнение дека имате некакви грижи. Бидејќи од многумина од нас се бара да останеме дома, има многу прашања и за физичките и за менталните грижи.

Ние сакаме да споделиме совети и предлози коишто се надеваме дека ќе ви бидат корисни.

Дијабетес и КОВИД-19

За да ги заштитиме здравјето и безбедноста на нашите вработени, ги следиме советите и упатствата на локалните здравствени власти. Во некои земји и заедници каде што ризикот од инфекција е сè уште голем, бараме од вработените да работат од дома.

За време на овие вонредни услови за работа, се грижиме вработените да добиваат поддршка за да бидат активни, да работат ергономски од дома и да го прифатат дигиталното работно место.

Преземаме мерки за да ја одржиме безбедноста на вработените кои работат во нашите производствени капацитети и можноста да го практикуваат препорачаното социјално дистанцирање кога се на работа.

Продолжуваме со сите веќе започнати клинички испитувања и не очекуваме значителни доцнења кај оние коишто се при крај. Моментално, водиме разговори со истражувачите вклучени во испитувањата низ целиот свет и се потпираме на нивната процена за паузирање на тековните регрутирања на пациенти и минимизирање на посетите на пациентите на институциите со цел да се совпаднат со редовните посети за медицинска грижа.

Исто така, забележуваме дека следењето на истражувањата е сè потешко и работиме со релевантните институции за истражување, истражувачи и властите со цел да изнајдеме најдобри решенија во ситуацијата. Во врска со тековните испитувања, негативното влијание се чувствува при регрутирањето нови пациенти, но ситуацијата постепено се подобрува. Во одредени земји, сега постои можност за започнување нови испитувања.

Novo Nordisk ги поддржува напорите на здравствените власти во погодените области со неколку иницијативи, вклучувајќи давање донации, споделување суровини за производство на средства за дезинфекција на раце и отворање на нашите лаборатории за да помогнеме при тестирањето на КОВИД-19.

Многу внимателно ја следиме глобалната состојба со цел да обезбедиме можност за преземање активности кои се соодветни со начинот на кој се развива ситуацијата.

Свесни сме дека здравствените власти и аптеките во некои земји даваат сè од себе за да се обезбеди лекот да биде секогаш достапен за оние на кои им е потребен, но можеме да ве увериме дека сегашните нивоа на залихи се нормални.

Ова значи дека може да има ограничувања на количината на лекот или бројот на уреди што пациентот може да ги добие во секое време. Важно е да ги набавите лековите или уредите како што го правите тоа вообичаено, за да може сите луѓе коишто живеат со дијабетес и други хронични болести да имаат пристап до нивниот основен лек.

Имаме воспоставено тесна соработка и комуникација со нашите партнери, вклучително и со здравствените власти и аптеките, со цел да ги следиме нивните нивоа на залихи.

Ситуацијата постојано се развива, но во моментов не се соочуваме со никакви ограничувања во снабдувањето. Добро сме подготвени за вакви ситуации и имаме политика за залихи којашто овозможува долгорочно снабдување. Ова е важно бидејќи нашите лекови секојдневно им се потребни на пациентите низ целиот свет. 

Во Novo Nordisk, при спроведување на клиничките испитувања, приоритет имаат безбедноста на пациентот и интегритетот на клиничкото испитување. Продолжуваме со сите веќе започнати клинички испитувања и не очекуваме значителни доцнења кај оние коишто се при крај.

Моментално, водиме разговори со истражувачите вклучени во испитувања низ целиот свет и се потпираме на нивната процена за паузирање тековните регрутирања на пациенти и минимизирање на посетите на пациентите на институциите со цел да се совпаднат со редовните посети за медицинска грижа.

Исто така, забележуваме дека следењето на истражувањата е сè потешко и работиме со релевантни институции за истражување, истражувачите и властите, со цел да изнајдеме најдобри решенија во ситуацијата. Нема да се започне со нови истражувања заради тековниот притисок врз здравствениот систем.

За да ги заштитиме здравјето и безбедноста на нашите вработени, го следиме советот на локалните здравствени власти за да обезбедиме безбедни услови за работа. 

За вработените кои сè уште работат од дома, се грижиме тие да добиваат поддршка за да бидат активни, да работат ергономски од дома и да се прилагодат на дигиталното работно место.

Преземаме мерки за да обезбедиме безбедни услови за работа на нашите места за производство и да ги практикуваме препорачаните мерки за социјално дистанцирање на работа. Бараме само оние вработени за кои КОВИД-19 не се смета за здравствен ризик да бидат во канцеларија или фабрика.

Ако имате какви било прашања или загриженост во врска со достапноста или пристапноста на нашите лекови за време на пандемијата КОВИД-19, ве молиме контактирајте ја нашата локална канцеларија во вашата земја.

Кликнeте тука добијте преглед на нашите глобални канцеларии

Го препознаваме влијанието на глобалната пандемија КОВИД-19 врз животот на луѓето ширум светот, но и покрај тоа што луѓето со дијабетес и/или дебелина не се изложени на поголем ризик од заразување со КОВИД-19 отколку општата популација, сепак КОВИД-19 може да предизвика потешки симптоми и компликации кај некои луѓе кои живеат со дијабетес, дебелина и сродни компликации, на пример кардиоваскуларни болести.

Во моментов, нема докази во однос на зголемениот ризик од инфекција со КОВИД-19 кај луѓе со дебелина. Доказите сугерираат дека кај обичен сезонски грип, луѓето со дебелина со БМИ ≥ 40 кг / м2 имаат зголемен ризик од сериозни компликации. Центарот за контрола на болести на САД и Јавниот здравствен систем на Обединетото Кралство многу дебелите лица (БМИ ≥ 40 кг / м2) ги вбројуваат меѓу лицата со зголемен ризик од сериозни компликации од КОВИД-19.

Ако дијабетесот добро се контролира, ризикот од сериозно заболување предизвикано од КОВИД‑19 е приближно ист како и кај општата популација.

За да продолжиме да ги поддржуваме луѓето што живеат со дијабетес и дебелина во ова време, дополнителни информации и поддршка може да се најдат на нашите веб-страници за поддршка на пациенти:

Дијабетес: Дијабетес Што е следно®

Дебелина: Вистина за тежината®

Ризиците се слични кај луѓето со дијабетес тип 1 и тип 2. Луѓето со дијабетес тип 1 имаат зголемен ризик од ДКА (дијабетична кетоацидоза) ако се заразени со вирусна инфекција.

За време на глобалнaта КОВИД-19 пандемија, го препознаваме влијанието врз животот на луѓето ширум светот, вклучувајќи ги и луѓето кои живеат со дијабетес. Луѓето со дијабетес треба да го подготват следново:

  • Информации за контакт за нивниот давател на здравствени услуги.
  • Соодветна залиха на лекови и материјали за следење на гликозата во крвта дома.
  • Доволно залихи на едноставни јаглехидрати, како безалкохолни пијалаци, мед, џем, слатки или лижавчиња од мраз, за да се одржи нивото на шеќерот во крвта, доколку се изложени на ризик од негово спуштање или се премногу болни за да јадат.
  • Глукагонски и кетонски ленти, во случај на слаба контрола на гликемијата (високи или ниски нивоа на гликоза во крвта).

Пациентите исто така треба да внимаваат на знаците на предупредување за итни случаи како што се: отежнато дишење или краток здив, постојана болка или притисок во градите, конфузија или неможност за будење, синкави усни или лице.

Доколку некој со дијабетес развие или се сомнева дека има симптоми на КОВИД-19, треба да се следат препораките од локалната власт. Во некои земји, на пациентите им се препорачува веднаш да побараат медицинска помош. Сепак, се препорачува да не се оди директно во болница за да се избегне пренесување на вирусот на други лица и да се дозволи медицинскиот персонал да организира приоритетен распоред. 

Јавете се во болница/на лекар и доставете го следново:

  • Симптоми
  • Читање на гликоза и кетони (доколку е достапно)
  • Запис за консумирање течности

Следете ги советите на вашиот тим за грижа за дијабетес во врска со употребата на лекови. Останете хидрирани и имајте незасладени пијалаци при рака; и јадете помали порции, но почесто. 

Луѓето со дијабетес заразени со вирусот може да забележат влошување на нивната гликемиска контрола за време на болеста. Пациентите треба да ги следат „упатствата за деновите на болест“ за да ја подобрат декомпензацијата на нивниот дијабетес.

Секогаш следете ги советите на локалните власти. Кај овие пациенти, Американското здружение за дијабетес (АДА) ги предлага следниве мерки:

  • Следете ги советите на лекарот (или тимот за дијабетес) во врска со лековите за третман на дијабетес и следење на гликозата во крвта.
  • Бидете свесни за знаците на хипергликемија (како што е излачување на повеќе урина од нормално; особено навечер), голема жед, главоболки, замор и летаргија.
  • Често следете ја гликозата во крвта во текот на денот и ноќта (генерално, на секои 2-3 часа).
  • Останете хидрирани.
  • Ако гликозата во крвта е под 70 mg/dL (3,9 mmol/L) или под целниот опсег, изедете 15 грама едноставни јаглехидрати кои се варат лесно (на пр. мед, џем, слатки, сладолед на стапче, сок или безалкохолни пијалаци). Гликозата во крвта треба да се провери по 15 минути за да бидете сигурни дека се зголемува нивото на шеќер.
  • Кетоните треба да се проверат ако нивоата на гликоза во крвта се повисоки од 240 mg/dL (13,3 mmol/L) двапати по ред. Треба веднаш да се консултирате со вашиот лекар ако имате средни или високи кетони (и ако ви е укажано со траги или мали кетони).
  • Проверете со тестови за самомерење на гликоза во крвта за да проверите дали се точни CGM сензорите, бидејќи на некои од нив може да влијаат ацетаминофен/парацетамол.
  • Рацете треба да се мијат, а местата за инјектирање/инфузија и боцкање на прстот треба да се чистат со вода и сапун или да се протријат со алкохол.
  • Ограничете ја вашата активност ако нивото на гликоза во крвта е повисоко од 13,9 mmol/l, а кетоните се умерени до високи.

За дополнителни упатства, ве молиме, видете ги Препораките на Центарот за контрола на болести за деновите на грип и други болести овде.

Нашата посветеност кон пациентите и заедниците каде што работиме останува непроменета и нашиот фокус во ова непредвидено време е кон зачувување на здравјето на нашите вработени и пациентите.

За време на глобалната пандемија предизвикана од КОВИД-19, го препознаваме влијанието врз животот на луѓето ширум светот, вклучувајќи ги и луѓето кои живеат со дијабетес.

Луѓето не треба да престануваат со никаков медицински третман што го примаат (вклучително и лекови против дебелина) без претходно да разговараат со нивниот здравствен работник, во согласност со упатствата од локалните здравствени власти.

Лицата со дебелина треба да продолжат со физичката активност во согласност со упатствата од локалните здравствени власти и да обезбедат социјално дистанцирање.

За општи препораки за физичка активност и здрава исхрана за време на кризата со КОВИД-19, препорачуваме луѓето со дебелина да ги следат упатствата од квалификувани здравствени работници и професионални здруженија. 

За време на глобалната КОВИД-19 пандемија, го препознаваме влијанието врз животот на луѓето ширум светот, вклучително и врз луѓето со дебелина. На луѓето со дебелина им се препорачува да ги следат препораките дадени од СЗО и нивните локални власти доколку се сомневаат на симптоми на КОВИД-19.

Луѓето не треба да прекинуваат со никаков медицински третман што го добиваат (вклучително и АОМ) без претходно да разговараат со нивниот здравствен работник, во согласност со упатствата од локалните здравствени власти.

Нашата посветеност кон пациентите и заедниците каде што работиме останува непроменета и нашиот фокус во ова непредвидено време е кон зачувување на здравјето на нашите вработени и пациентите.

Секој треба да ги следи истите препораки издадени од јавните здравствени власти за да се намали изложеноста на вирусот, вклучително и често и темелно миење на рацете минимум 20 секунди, практикување на добра хигиена и избегнување контакт со лица кои не се чувствуваат добро. 

Ние продолжуваме да обезбедуваме поддршка за пациентите ширум светот. Во моментов, немаме проблеми со снабдувањето и залихите се на нормално ниво. Добро сме подготвени за вакви ситуации и имаме политика за складирање што обезбедува долгорочна испорака. Ова е важно бидејќи се занимаваме со лекови од животно значење, од кои секојдневно зависат пациентите низ целиот свет.

Како што се развива глобалната ситуација, ние сме фокусирани на тоа да обезбедиме нашите пациенти и понатаму да имаат пристап до лековите што им се потребни.

Novo Nordisk е посветена на нашата одговорност и придонес кон глобалното здравје и ќе обезбеди навремена поддршка и ресурси во заедничкиот одговор на КОВИД-19.

Ве молиме следете ја оваа страница за ажурирања за овие информации.

Во моментов, нема податоци што укажуваат на какво било влијание врз земањето наши лекови (на пр. ГЛП-1 рецептор агонисти или инсулини) ако луѓето со дијабетес или дебелина се заразат со КОВИД-19.

Здравјето и благосостојбата на нашите пациенти за време на здравствената криза предизвикана од КОВИД-19 се во фокусот на сè што правиме.

Novo Nordisk е посветена на нашата одговорност и придонес кон глобалното здравје и ќе обезбеди навремена поддршка и ресурси во заедничкиот одговор на КОВИД-19.

Ве молиме следете ја оваа страница за ажурирања за овие информации.

Ова е општо знаење за болеста и не треба да се сфаќа како медицински совет. Ако имате симптоми на КОВИД-19 или имате прашања, сомнежи или грижи, треба да контактирате со вашиот лекар. Секогаш следете го советот на локалните власти.

Подготвувајќи ги одговорите на најчесто поставуваните прашања за луѓето кои живеат со дијабетес и дебелина, ги консултиравме следниве извори:

  • CDC (ЦКБ). Луѓе со висок ризик за компликации од грип. Достапно на: https://www.cdc.gov/flu/highrisk/index.htm. Последен пристап: Март 2020 година
  • Јавно здравство Англија. Упатство за социјално дистанцирање за сите во Обединетото Кралство. Достапно на: https://www.gov.uk/government/publications/covid-19-guidance-on-social-distancing-and-for-vulnerable-people/guidance-on-social-distancing-for-everyone-in-the-uk-and-protecting-older-people-and-vulnerable-adults. Последен пристап: Април 2020 година