Политика на колачиња

 

1 Што се колачиња?
1.1 Колаче е текстуална датотека што серверот на интернет страницата ја става во пребарувачот на вашиот компјутер или на вашиот мобилен уред кога ја посетувате интернет страницата. Колачето содржи единствен код што му овозможува на Ново Нордиск да го препознае вашиот пребарувач во текот на вашата посета на нашата интернет страница (наречено колаче за „сесија“) или повторно при повторените посети (наречено „упорно“ колаче). Секое колаче е единствено за вашиот интернет пребарувач. Колачињата може да ги става серверот на интернет страницата што ја посетувате или пак партнери што соработуваат со интернет страницата, така наречени „колачиња од трета страна“.
Колачињата генерално ја олеснуваат и ја забрзуваат интеракцијата помеѓу корисникот и интернет страницата и му помагаат на корисникот да навигира низ различните делови на интернет страницата. Колачињата може да се користат и содржината на интернет страницата да се направи порелевантна за посетителот и да се прилагоди на неговите лични вкусови и потреби.

2 Користење на колачиња на https://www.novonordisk.mk/
2.1 Сопственик на  https://www.novonordisk.mk/ е:

Ново Нордиск Фарма дооел
Ул. Никола Кљисев бр. 11
1000 Скопје |
Северна Македонија
Тел +389 22400-202

Ново Нордиск користи колачиња за да ја подобри функционалноста на интернет страницата преку складирање на вашите преференции. На  https://www.novonordisk.mk Ново Нордиск ги користи неопходните колачиња, функционални колачиња/колачиња за преференции, статистички колачиња и маркетинг колачиња.

2.2 Неопходни колачиња
2.2.1
Овие колачиња се основни за посета на интернет страницата и за користење на одредени делови. Ако ги одбиете овие колачиња, одредени работи на интернет страницата нема соодветно да функционираат.

2.3 Функционални колачиња/Колачиња за преференции
Функционалните колачиња/колачињата за преференции се колачиња што го олеснуваат функционирањето на интернет страницата и ја прават попријатна за посетителите. Тие обезбедуваат поперсонализирано искуство при пребарувањето. На пример: колачиња што ги помнат вашите јазични преференции.

2.4 Аналитички/статистички колачиња
2.4.1
Користиме аналитички колачиња за прибирање на информации за користењето на нашата интернет страница, со намера да се подобри содржината, да се прилагоди на желбите на посетителите и да се зголеми нејзината употребливост.

2.5 Маркетинг колачиња
2.5.1
Тоа се колачиња што ги користиме да ви понудиме персонализирани и порелевантни реклами, да утврдиме колку пати е прикажана одредена реклама, да ја пресметаме ефективноста на одредена рекламна кампања, да ги следиме податоците за претходните посети и прибраните податоци да ги споделиме со трети лица како што се огласувачите. Тие се користат на интернет страницата и на вашиот уред ги ставаат трети лица.

2.6 Користењето на статистички, функционални и маркетинг колачиња на  https://www.novonordisk.mk/ бара согласност од корисникот. Корисникот во секое време може да ја повлече согласноста за користење на колачињата. Погледнете го делот 5 од оваа Политика за колачиња за информации околу управувањето со колачињата и бришењет на колачињата.

3 Колачиња од трети страни
3.1
Ново Нордиск може до користи колачиња од трети страни што се колачиња што се ставаат во пребарувачот на корисникот од трето лице што не е Ново Нордиск. Податоците што се прибираат со користење на колачињата од трети страни нема да му бидат достапни на Ново Нордиск туку ќе бидат прибирани и ќе се користат од третото лице за негови сопствени цели. Ново Нордиск може на пример, да вметнува слики и видео содржини од интернет страници како што е Јутјуб. Како резултат на тоа, кога ќе ја посетите интернет страницата на Ново Нордиск со вметната содржина од други интернет страници, може да ви бидат презентирани колачиња од тие интернет страници. Ново Нордиск не го контролира ставањето на овие колачиња. Треба да ја разгледате интернет страницата на третата страна за повеќе информации за нивното користење на колачиња.

3.2 Нашите интернет страници користа вметнати копчиња „сподели“ за да им овозможат на корисниците лесно да споделуваат информации со пријателите преку повеќе популарни социјални мрежи. Овие интернет страници може да ставаат колачиња кога сте најавени и на нивните услуги. Ново Нордиск не го контролира ставањето на овие колачиња. Треба да ја разгледате интернет страницата на третата страна за повеќе информации за нивното користење на колачиња.


4 Колачиња што се користат на нашите интернет страници
4.1
Ново Нордиск ги користи колачињата што се детално опишани на  https://www.novonordisk.mk/ во банерот на колачиња. Во банерот на колачиња можете да најдете информации за името на колачето, кој го поставува колачето, опис на колачињата и кога му истекува рокот на колачето.

5 Управување со колачиња
5.1
Мора да наведете ако дозволувате колачиња да се ставаат на вашиот уред или да го исклучите користењето на одредени видови колачиња. Ако не го прифатите користењето на одредени колачиња, некои карактеристики на интернет страницата може да не работат или може да не бидете во можност да користите одредени услуги на интернет страниците.

5.2 Ако сакате да го ограничите или да го блокирате користењето на колачињата, мора да ги изберете вашите преференции преку банерот на колачиња прикажан на интернет страницата. Можете и да го ограничите користењето на колачињата преку прилагодувањата на вашиот пребарувач/ Функцијата за помош во вашиот пребарувач може да ви каже како да го направите тоа.

5.3 Или може да ја посетите страницата www.aboutcookies.org што содржи сеопфатни информации како се прави тоа на широк опсег пребарувачи. Може да најдете и детали за тоа како да ги избришете колачињата од вашиот компјутер како и погенерални информации за колачињата. За информации како да го направите тоа на пребарувачот на вашиот мобилен телефон ќе треба да го погледнете упатството за телефонот.

5.4 Ве молиме да внимавате дека ограничувањето на колачињата може да влијае врз функционалноста на https://www.novonordisk.mk/.

6 Приватност на податоците
6.1
Кога ја посетувате нашата интернет страница, автоматски прибираме општи информации за вашиот компјутер и за неговата локација како и за интернет страницата од каде што сте дошле, ако е применливо. Овие информации не можат да се користат да ве идентификуваат како поединец. Тие информации се користат само во агрегатна форма за да не информираат од каде дошле нашите посетители, што гледаат и на што делуваат и каде се минува најголем дел од времето.

6.1.1 Секогаш кога од вас бараме некоја информација што може лично да ве идентификува, ќе побараме ваша согласност и секогаш ќе ви објасниме зошто ја прибираме информацијата, како ја прибираме, како ќе ја чуваме и како планираме да ја третираме и да ја користиме.

6.1.2 Ќе прибираме и ќе складираме информации што може лично да ве идентификуваат само за целите наведени во процесот на прибирање. Кога ќе завршиме со обработката на вашите информации за наведените цели, ќе ги избришеме и ќе ги уништиме за да ја осигуриме вашата приватност.

6.1.3 Некои податоци се прибираат со користење на колачиња врз основа на нашиот легитимен интерес и за целите на подобрување на нашата интернет страница и на вашето корисничко искуство, функционални цели за користењето на нашата интернет страница и да ни овозможи да ја користиме нашата интернет страница за маркетинг цели. 

6.1.4 За секој вид колаче што се користи за прибирање на личните податоци за наведените цели, Ново Нордиск ќе ги обработува само личните податоци прибрани преку колачиња за конкретните цели за кои сте дале согласност во банерот на колачиња.

6.1.5 Сите ваши лични податоци ќе се третираат со доверливост и ќе се користат само во согласност со погоре наведените цели.

6.1.6 Ново Нордиск може да ангажира надворешен давател на услуги и тој да има пристап и да ги обработува вашите лични податоци и може да ги пренесуваме личните податоци на други субјекти од групацијата Ново Нордиск.

6.1.7 Ако надворешниот давател на услуги ги обработува вашите податоци надвор од ЕУ/ЕЕЗ, тоа ќе се врши врз основа на Стандардните договорни клаузули на Комисијата на ЕУ, а преносот на други субјекти во групацијата Ново Нордиск надвор од ЕУ/ЕЕЗ ќе се заснова на Обврзувачките корпоративни правила на Ново Нодиск што може да ги најдете тука.

6.1.8 Согласно правилата за заштита на податоците ги имате следните права. За да ги искористите овие права, ве молиме да се обратите на Ново Нордиск на atrj@novonordisk.com:

o Може да добиете преглед кои лични податоци за вас ги имаме; 

o Може да добиете примерок од вашите лични податоци на структуриран, вообичаен формат што може да се чита од машина; 

o Може да добиете ажурирање или исправка на вашите лични податоци; 

o Може да ви се избришат или уништат вашите лични податоци; 

o Може да не натерате да запреме или да ја ограничиме обработката на вашите лични податоци; 

o Ако сте ни дале согласност да ги обработуваме вашите лични податоци, во секое време може да ја повлечете вашата согласност. Вашето повлекување нема да влијае врз законитоста на обработката извршена пред да ја повлечете вашата согласност; 

o Може да поднесете поплака како ги обработуваме вашите лични податоци на Органот за заштита на податоците.

Согласно позитивното законодавство, може да има ограничување на овие права во зависност од конкретните околности на обработката. Обратете ни се со прашања или барања во врска со овие права на начинот опишан во делот 1.

Погледнете повеќе за нашата позиција околу приватноста на податоците.