Еколошките предизвици никогаш не биле покритични или поитни отколку денес.

Растечката потрошувачка, индустријализацијата и урбанизацијата ја загрозуваат не само одржливоста на животната средина во која живееме, туку и здравјето на луѓето низ светот. 

Секоја година користиме милијарди литри вода и големи количини енергија и ресурси за производство на лекови. Нашите СОемисии продолжуваат да растат, особено во транспортот.

Дистрибуираме стотици милиони вијали и пенкала за инјектирање за луѓето на кои им се потребни - а расте и побарувачката за нашите третмани кои се од животно значење. Нашите производи се изработени од висококвалитетни материјали, но по употребата, повеќето од нив завршуваат на депонија.

Ова нè става во првите редови на некои од најголемите еколошки проблеми: климатски промени, недостиг на вода и ресурси, загадување и пластичен отпад.

За да станеме лидери во ова поле и да бидеме во првите редови на промените, преземавме смели и сеопфатен сет на мерки низ целата компанија во насока на решавање на еколошките проблеми.

Донесовме нова еколошка стратегија со стремеж да постигнеме нула влијание врз животната средина.

Нашата стратегија нè предизвикува да изнајдеме нови начини за дизајнирање производи кои може да се рециклираат или повторно да се користат, да се реформира нашиот бизнис за да се минимизира потрошувачката и отпадот и да се работи со добавувачите кои ја споделуваат нашата цел.

Веќе ги правиме првите чекори кон нула влијание врз животната средина. Но, ние  секогаш бараме нови начини за да направиме повеќе. Веруваме дека одговорите ќе дојдат кога ќе го прилагодиме нашиот бизнис кон размислување за обновливост кој ги одржува нашите производи и материјали во употреба. 

Градовите имаат можност да победат во борбата против климатските промени и дијабетесот тип 2. И двете имаат слични обрасци во човечкото однесување, коишто го влошуваат глобалното затоплување и зголемувањето на стапката на болести.

Денес работиме со партнери во 25 поголеми градови низ светот за да ја унапредиме превенцијата на болести преку едукација и интервенции на теренот. 

Овие партнерства се дел од нашата програма „Градовите го менуваат дијабетесот“. Од 2015 година, програмата „Градовите го менуваат дијабетесот“ со право стана социјално движење, мобилизирајќи повеќе засегнати страни во напорот за справување со растечките проблеми поврзани со дијабетес тип 2 и градењето поздрави средини.

Дознајте повеќе за тоа како го подобруваме урбаното здравје и благосостојбата.