Кај мнозинството луѓе, хормонот за раст се произведува природно од хипофизата во мозокот. Како што укажува неговото име, хормонот за раст е одговорен за овозможување на растот. Сепак, тој исто така придонесува за многу други важни функции во телото, како што се:

  • Раст на силни и здрави коски
  • Регулирање на метаболизмот на телото, поточно рамнотежата помеѓу мускулната маса и масното ткиво
  • Развој и одржување на телесните органи
  • Општа благосостојба и енергетски нивоа

Што предизвикува слаб раст?

Постојат многу можни причини зошто детето се чини дека расте побавно од своите врсници или браќа и сестри. Некои од нив се целосно безопасни и не влијаат на здравјето на детето. На пример, некои деца едноставно растат со различна стапка од другите и на крајот како што растат ќе ги стигнат.

Сепак, постојат и други, посериозни причини зошто детето може да не расте како што треба. Овие причини може да варираат од слаба исхрана до одредени медицински состојби, како што се болестите на бубрезите или црниот дроб. Можено е и нивното тело да не создава доволно хормон за раст, хормон кој е одговорен за нивното растење.

Човечкиот хормон за раст (hGH) или терапија со хормонот за раст (GHT) е терапија со биосинтетичка замена на хормони. Идентичен е со природниот хормон за раст произведен од телото. Бидејќи е протеин, тој треба да се инјектира за да работи правилно.

GHT нормално се користи за лекување на деца кои не растат поради основната медицинска состојба. Исто така, може да се третираат возрасни погодени од недостаток на хормон за раст.

Кај децата на кои им требаат дневни инјекции на хормонот за раст, подобрувањата и напредокот во дизајнот на помагало направија голема разлика. Денес, има пенкала кои имаат голем избор на многу различни корисни функции.

Со пионерскиот напредок во терапијата со хормонот за раст почнавме пред повеќе од 30 години, а три децении подоцна нашите третмани на нарушувањето на растот сè уште им користат на луѓето низ целиот свет.

Подготвени да донесат иновативни решенија за нашите пациенти, нашите научници ја применија нашата долгогодишна експертиза во инженерингот на протеинот за да развијат долготраен хормон за раст погоден за лекување еднаш неделно.