Дијабетес тип 1 е доживотно заболување кое влијае на способноста на организмот да ја претвори гликозата од храната во енергија. Во повеќето случаи, дијабетесот тип 1 се развива рано во животот и често се дијагностицира за време на детството.

Болеста започнува кога имунолошкиот систем ги напаѓа клетките во панкреасот што произведуваат инсулин, хормон кој помага да се конвертира гликозата во енергија за клетките на телото. Без дневни инјекции на инсулин, луѓето кои живеат со тип 1 не би можеле да преживеат.

Врз основа на нашето речиси 100-годишно искуство во откривање и производство на третмани за луѓе со дијабетес, нашите научници го унапредуваат истражувањето за намалување на бројот на инјекции на инсулин кој е потребен за да се одржи добра контрола на гликемијата и да се спречат епизодите на ниско ниво на гликоза во крвта (хипогликемии).

Нашата крајна цел е излекување на дијабетес тип 1. Ние напредуваме во нашите истражувања во регенеративната медицина како што е терапијата со матичните клетки, која еден ден може да се користи како куративен третман за дијабетес тип 1.

Одржувањето на целните нивоа на гликоза во крвта помага да се заштитат органите во организмот од оштетување. Исто така, ги штити од хипогликемија луѓето кои живеат со дијабетес тип 1.

Инсулинската терапија има за цел да се приближи што е можно поблиску до природниот одговор на инсулинот кај некој без дијабетес. Ова може да им помогне на луѓето кои живеат со дијабетес тип 1 да ги одржуваат целните нивоа на гликоза во крвта.

Колку е поблиску инсулинската терапија до природниот одговор на организмот, толку подобро се балансираат нивоата на гликоза во крвта.

Третманот со инсулин еволуираше значително, и со секој напредок, ние сме поблиску до природниот одговор на инсулинот. Она што е најважно, овие достигнувања им помогнаа на луѓето кои живеат со дијабетес тип 1 да надминат некои непријатности што доаѓаат со лекувањето и со живеењето со оваа болест.

Една од нашите големи амбиции е да развиеме гликозно-сензитивни инсулини коишто ќе ги елиминираат хипогликемичните настани. Ова би бил следниот голем чекор напред во грижата за дијабетес тип 1. Ние ја споделуваме оваа амбиција со многу партнери во заедницата за истражување на дијабетесот и тесно соработуваме со нив кон постигнување на заедничката цел - елиминирање на хипогликемијата.

Сè поблиску сме во потрагата по куративен третман за дијабетес тип 1.

Заедно со водечките универзитети за истражување низ целиот свет, успеавме да ги трансформираме матичните клетки во клетки чувствителни на гликоза, инсулин-секретирачки бета-клетки, исто како и оние произведени во панкреасот на здрава личност. Во студиите на животни, овие трансформирани матични клетки успешно ги излекуваа глувците со дијабетес тип 1.

Направивме значителни чекори напред и продолжуваме да работиме на преостанатите предизвици. За среќа, не сме сами. Имаме солидна мрежа во научната заедница за истражување на матични клетки, која секој ден станува сè посилна.

Прашање е само кога овие соработки ќе доведат до излекување на милиони луѓе кои живеат со дијабетес тип 1.

Третманот со инсулин треба да биде што е можно поедноставен, и ова секогаш била нашата филозофија. Од подобри третмани до дигитални решенија, ние се стремиме да го олесниме товарот на живеење со хронична болест и да ги задоволиме различните потреби на милиони луѓе кои живеат со дијабетес тип 1.

Во моментов, вршиме истражувања во следниве области:

  • Инсулини кои реагираат на гликоза
  • Поврзани помагала за испорака на инсулин
  • Куративен третман со матични клетки

Кога го комбинираме гласот на некој што живее со хронична болест со нашата научна експертиза и инженерски вештини, можеме да продолжиме да откриваме и развиваме иновативни инсулини и системи за испорака.