Дијабетес тип 2 е сложено хронично заболување што се јавува кога телото не може да создаде доволно инсулин или да го користи ефикасно. На луѓето кои живеат со дијабетес тип 2 им е потребен третман со цел да се задржат нивоата на инсулин и шеќер во крвта под контрола.

Инсулинот е хормон кој го создава панкреасот, којшто ја контролира количината на гликоза во крвта. Премалку инсулин значи дека телото не може да апсорбира гликоза од храната што ја јадеме. Кога тоа ќе се случи, нивото на гликоза во крвта се зголемува, и со текот на времето, овие зголемени нивоа можат да ги оштетат крвните садови и да го намалат снабдувањето со кислород и крв богата со хранливи материи до органите и нервите на телото.

Луѓето кои живеат со дијабетес тип 2, чии тела не реагираат добро или се отпорни на инсулин, можеби ќе имаат потреба од третман кој ќе им помогне на нивните тела подобро да ја процесираат гликозата. Ова може да помогне да се спречат долгорочните компликации.

Секој ден, работиме на подобрување на опциите за третман на луѓето кои живеат со дијабетес тип 2. Од поефикасни лекови па сѐ до начинот на кој тие се земаат, не оставаме ниту еден дел непроучен.

Нашите научници работат со едноставна цел - да ги пронајдат неисполнетите потреби кај хроничните заболувања и да ги преточат во нови терапевтски решенија. Една од тие идеи е унапредување на третманот со дијабетес тип 2 и премин од инјекции на таблети. 

Ова е цел која се трудиме да ја реализираме долги години, но предизвик е дигестивниот систем на организмот. Откако ќе се проголтаат, биолошките лекови, каков што е инсулинот, се преработуваат од ензимите во организмот, на ист начин како што се преработува храната. Требаше да најдеме начин на кој биолошките лекови ќе можат да поминат низ дигестивниот систем непроменети и да навлезат во крвта.

Неодамна успеавме и покажавме дека синтетичката верзија на хормонот глукагон сличен пептид-1 (GLP-1) може да се земе во таблета. GLP-1 хормонот природно се произведува во цревата и се ослободува како реакција на храната. Кога се ослободува, GLP-1 го стимулира производството на инсулин во панкреасот, што пак ја намалува количината на гликоза во крвта.

Ова е прв орален третман во светот за дијабетес тип 2 со агонист на рецепторите на GLP-1. Се надеваме дека нема да помине многу време пред да можеме да понудиме поширок спектар на орални третмани. Не само за дијабетес, туку и за  други сериозни хронични заболувања во нашето портфолио на истражувања.

Речиси 100 години откриваме нови начини на инјектирање инсулин. Ова е поттикнато од нашата посветеност да ја направиме испораката на лекови што е можно поедноставна и полесна.

Наша појдовна точка се луѓето кои живеат со дијабетес тип 2, ги слушаме нивните предизвици додека се третираат сами и така откриваме како може да го направиме третманот побезбеден и полесен.

Применуваме научни методи од антропологија па сѐ до биохемија за да обезбедиме податоци и насоки за нашите истражувачки и инженерски вештини и искуство.

Во областа на дијабетес тип 2, во моментов истражуваме во следниве области:

  • Инсулини кои реагираат на гликоза
  • Поврзани помагала
  • Орални антидијабетици
  • Кардиоваскуларнa корист
  • Намалување на телесната тежина